skip to main |
skip to sidebar
Белата светлина е составена од широк интервал на бранови должини .Кога белата светлина ќе помине низ стаклена призма секоја од нејзините компоненти ќе се прекрши под различен агол а резултат ќе биде излезна светлина во различни бои .Таква појава се случува и во атмосферата
каде улога на призми имаат водените капки ,затоа после дождот летно време на хоризонтот гледаме виножито . Каква е улогата на тоталната рефлексија при создавањето на виножитото ?
Светлината се простира праволиниски но на својот пат таа наидува на препреки од кои се одбива или пак продолжува да се движи но со различна брзина односно се прекршува .Во природата постојат рамни површини од кои светлината се рефлектира и се добива лик како во огледало .Мирна водена површина представува огледало .Какви се ликовите добиени во рамно огледало ?
При изгревањето и заоѓањето на Сонцето може да се забележи понекогаш зелена светлина.Светлината од Сонцето се состои од широк спектар на бранови должини кои поминувајќи низ атмоферата се прекршуваат под различити агли .На зајдисонце обично ги гледаме црвената и портокаловата боја кои се со помала бранова должина од зелената . Но човечкото око е почувтвително на зелената боја која со прекршување низ атмосферата станува повидлива ,додека виолетовата и сината боја се расејуваат и не стигнуваат до Земјата . Зошто на небото може да видиме различни бои но , најчесто ја гледаме сината боја ?
Лупа претставува собирна леќа со чија помош предметот го гледаме зголемено . Природата е чудесна и од неа постојано учиме и црпеме од најзините извори .Еве една лупа од природата.Каде треба да се постави предметот кај собирна леќа за да таа стане лупа ?
Тотална рефлексија наоѓа примена кај оптички влакна .Тоа се многу тенки цевки направени од фиберглас низ кои светлинскиот зрак со помош на тотална рефлексија патува од едниот до другиот крај .Дел од оптиката која се занимава со оваа проблематика се вика фибер-оптика и наоѓа примена во медицина , техника а најмногу за пренос на информации .Пронајди повеќе информации
за примена на тоталната рефлексија.